Панчевски и Стојковска од Алкалоид нови државни шампиони во шах

by fokus 13:02
13:02

Интернационалниот мајстор Филип Панчевски и Женски Фиде Мајстор Моника Стојковска, двајцата од ШК Алкалоид, се новите државни шампиони на Македонија во шах.

Панчевски триумфираше на Отвореното првенство на Македонија, на кое беше забрането учество на странски играчи и победникот беше посочен како нов државен првак.

Женското првенство се организираше по истиот принцип, а на него се пријавија 12 учеснички. Победничката ЖФМ Моника Стојковска освои 6 од 7 можни поени.

-Ме радува крајниот резултат и мојата прва официјална шампионска титула. Се надевам дека овој турнир ќе продолжи да се одржува и во следните години, со поголема масовност и со порамноправен награден фонд во однос на мажите, рече Стојковска.

За неа на второто место се најде ЖИМ Габриела Коскоска со 5 поени, додека Ивана Манова е трета со 4,5 поени.

ПР текст

Поврзани новости