Професор Гарчевиќ: Бугарија има проблем со својот имиџ, а билатералните прашања ги претвора во проблем на Брисел

by fokus

Одредени членки на ЕУ, како Бугарија, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел, оценува професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ.

– Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат добра причина за да се забави процесот на приближување кон ЕУ, иако земјата-кандидат, во случајов Северна Македонија, ги исполни сите обврски во овој момент. Слично искуство има и Косово со визната либерализација, наведува Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

Според него, одлуката на ЕУ да не ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија е потврда дека регионот е заборавен во мноштвото други теми со кои е прекупирана ЕУ, а последиците од ваквиот пристап се многу сериозни, не само за регионот, туку и за самата Унија.

– Кога партнерот се чувствува запоставен, тој се врти кон некој друг, зарем не? Засилувањето на национализмот и шовинизмот, идејата за прекројување на границите и падот на популарноста на ЕУ се одвива паралелно со засиленото присуство на Русија и Кина. Москва, и се повеќе Пекинг, се покажуваат како посакувани алтернативи за незаинтересираната и ситничава ЕУ, смета Гарчевиќ.

Тој смета дека повикот на германскиот државен министер Михаел Рот за старт на преговорите со Скопје и Тирана, сепак се „зрак надеж во овие сиви денови на Западниот Балкан“. Според него, се чини, дека Германије е единствена од големите држави во ЕУ, која се обидува да го одржи во живот проширувањето, што не е доволно да се смири разочарувањето кое се шири низ регионот на Западниот Балкан.

Сепак, според него, за САД прашањето за Балканот е пред се прашање на безбедноста и односите со европските сојузници од НАТО.

– Треба да се биде реален. САД не можат да ја заменат ЕУ на Западниот Балкан. Сепак, Вашингтон би можел да биде корективен фактор на политиката на Брисел, што би можело да биде добро за Северна Македонија, Црна Гора и особено за Босна и Херцеговина, наведува професорот Гарчевиќ во анализата за Дојче Веле.

Поврзани новости