Професионален војник се повредил при вежба со рачен ракетен фрлач

by fokus

Вчера околу 12:10 часот од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана во Полициската станица Неготино било пријавено дека истиот ден околу 12:00 часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

Поврзани новости