Два воза удриле во поставени предмети на пруга на исто место

by fokus

Вчера во 17:05 часот било пријавено дека во близина на Железничката станица-Смоквица патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил во поставен предмет на пруга (бетонско столбче).

Притоа, од ударот била предизвикана материјална штета (оштетување на предниот дел на возот), а возот го продолжил патувањето до Скопје.

Истиот ден околу 19:45 часот на истото место и товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил на поставени предмети на пруга, а возот го продолжил патувањето без оштетувања. Во двата настани нема повредени патници.

Поврзани новости