Проектот на скопски водовод за пречистителна станица доби втора награда од ЕБОР

by Фокус
Скопското Јавно претпријатиие Водовод и канализација е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, во организација на Европската Банка за Обнова и Развој, за проектот за пречистителната станица – Скопје.
Како што информираше директорот на јавното претпријатие Душко Весковски, наградата е освоена во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации.
Инаку, за изградба на пречистителната станица во тек е тендерот за избор на фирма изведувач кој треба да биде завршен до крајот на годинава.
Станицата ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители, ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина.

Поврзани новости