Радев бара посебно поглавје во преговорите на Македонија со ЕУ за добрососедство

by Фокус

Бугарскиот претседател Румен Радев бара да се отвори посебно поглавје во преговарачкара рамка за Македонија во кое ќе бидат содржани сите критериуми за добрососедство. Според него, Бугарија мора да ги брани својата историја, јазик и идентитет.

-Никој освен ние самите не можеме да го направиме тоа. Убеден сум дека отворено соработувајќи со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за добрососедство не води кон нив, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Република Северна Македонија. Таа мора самата да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе започне демократски развој – изјави Радев за БНТ.

Тврди дека тој ја убедил Владата на Бојко Борисов дека не може да има безрезервна поддршка за Скопје и оти на негов предлог во Парламентот во Софија е усвоена националната рамка со „црвените линии“.

Поврзани новости