Продолжува многу топлото време, со високи температури и ЕКСТРЕМЕН ув индекс – детали

by Фокус

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од западен правец додека во останатите предели ќе биде од југозападен и од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа, за време на викендот во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури нема многу да се менуваат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 9 и 10.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости