Продолжен викенд и веднаш гужва на грчката граница

by Fokus

Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона.

Од дежурната гранична служба за МИА рекоа дека за излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради обавување на задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна поради која во моментот е бавна во обавување на формалностите поради што двете граници се споени со возила.

Нашите гранични службеници не можат да проценат колку време е потребно да се мине грчката граница, но затоа потврдија дека на наша страна во моментот функционираат пет сообраќајни ленти за автомобили и една за автобуси и камиони.

Поврзани новости