Продолжен рокот на вакцините на „Фајзер“

by fokus

Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцините на „Фајзер“ од шест на девет месеци.

-Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства.

На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД.

Оттаму додаваат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C.

Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .

 

Поврзани новости