ЦДУ избра нов лидер

by Фокус

Христијанско-демократската унија на Германија избир нов лидер.

Довербата од членството ја доби Фридрих Мерц кој освои 62 отсто од гласовите и по третиот обид стана лидер на партијата.

Официјално, за новиот претседател на партијата би требало да гласаат 1001 делегати на дигитален партиски конгрес.

Но, важи за сигурно дека делегатите ќе се држат до желбата на партиските членови.

Мерц во 2018 година веќе еднаш се кандидираше за шеф на ЦДУ, но тогаш победи кандидатката која ја имаше поддршката на поранешната шефица на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Минатата година кога се одржаа избори за нов партиски лидер, кој ќе ја води партијата во предизборната трка, Мерц загуби од Армин Лашет.

Откако Лашет се повлече поради лошите изборни резултати, ЦДУ мораше повторно да избере лидер, по третпат во само три години.

Овојпат Мерц се спротивстави на Норберт Ретген и шефот на кабинетот на поранешната канцеларка Меркел, Хелге Браун.

Поврзани новости