Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

by Fokus

На 05.01.2024 околу 16.30 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ.

Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости