Приведени неколку службеници за злоупотреби при распределба на субвенции

by fokus 10:29
10:29

Неколкумина лица, под сомнеж дека сториле злоупотреба при распределба на субвенции, во моментот се изведени на распит пред судија на претходна постапка.

Од Кривичниот суд официјално ја потврдуваат акцијата, но оттаму посочија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

- Advertising -

Бидејќи лицата се уапсени под сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на субвенции, ова значи дека станува збор за службеници, односно вработени во институциите кои се надлежни за распределба на субвенции.

 

Поврзани новости