Почина застреланиот независен кандидат од Кичево

by Fokus

Носителот на независната кандидатска листа за локалните избори во Кичево, Алит Абази почина, откако пред една недела во него беше пукано со пиштол.

Од Министерството за здравство денес информираа дека според информациите од Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) дека Абази починал околу четири часот утрово.

„И покрај сите напори на лекарскиот тим да го спасси Абази, тој утрово подлегна на повредите“, велат од Министерството за здравство.

Абази беше повреден на 27-ми минатиот месец во престрелка пред Основниот суд во Кичево, во кој беа повредени три лица.

Поврзани новости