Приведени граѓани, вкупно 22 полицајци повредени во судири со верниците во Никшиќ

by Fokus

Во синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ повредени се  22 полицајци, откако граѓаните на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникије, пренесува црногорските медиуми.

Во Никшиќ синоќа полицијата фрли солзавец и употреби шок бомба за време на протестниот марш, додека граѓаните фрлаа камења врз полицијата и извикуваа „усташи”.

Полицијата уапси голем број граѓани, меѓу кои и новинар на „Вечерње новости”.

-Нив на товар им се става кривично дело непостапување според здравствените прописи во борбата против заразната болест, бидејќи спротивно на наредбите од Министерството за здравје ја прекршиле забраната за собирање на јавно место и организирање верски обред-литија по улиците на Никшиќ, на кој присуствувале поголем број граѓани – стои во соопштението од државниот обвинител и портпарол на ОДТ во Никшиќ, Стево Шекариќ.

Поврзани новости