ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по цена на животот на граѓаните сака да го намали поразот

by Fokus

Кои се луѓето кои вчера ги загубија животите во борба со корона вирусот? Чии родители, браќа, сестри, пријатели соседи се трите лица починати од Ковид-19? Како нивните семејства ја примаат оваа загуба? Овие прашања не може да засегаат само човек што нема никакви морални принципи. Само не луѓе со сомнителен карактер ваквите трагедии не им значат ништо, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Зоран Заев се однесува хазардерски со здравјето на граѓаните, состојбата со епидемијата од корона вирус и понатаму одзема животи. Додека Заев планира како да си го ублажи претстојниот пораз, калкурирајќи со датуми, граѓани заболуваат. Вчера во Македонија имаше тројца нови починати и 20 нови заразени случаи од корона вирус. Македонија е една од земјите во регионот која најмалку ги тестира своите граѓани, па со право стравува јавноста дека бројот на заразените е далеку повисок, веат од опозицијата.

Тие појаснуваат дека во Македонија досега се дијагностицирани 1694 лица, а 95 се веќе починати. Тоа прави Македонија да биде рекордер во регионот по смртни случаи од корона вирус на милион жители.

-За жал имаме најголем морталитет во регионот, поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Тоа е резултат на исклучително лошиот менаџмент со здравствената криза во државата. ВМРО-ДПМНЕ, експертите и јавноста апелира веќе подолго време да се изврши масовен скрининг, затоа што така ќе имаме реална епидемиолошка слика врз основа на која ќе се донесат соодветни одлуки и соодветна стратегија за борба против заболувањето. Владата со нетестирањето не само што го доведува во заблуда населението, туку го доведува во заблуда и здравството, здравствените работници и здравствениот систем. Зоран Заев и Филипче треба да престанат со теснопартиските калкулации и целата своја енергија да ја насочат кон борба со епидемијата од корона вирус која коси во Македонија. Изборите и изборниот пораз нема да им побегнат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости