Приведени четворица малолетници во Тетовско: Уценувале девојче за пари, за да не објават нејзини фотографии

by Fokus

Приведени четворица малолетници од тетовско село бидејќи повеќепати ѝ земале пари на малолетничка, заканувајќи ѝ се дека ќе објават нејзини фотографии на социјалните мрежи.

На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости