Приведен вевчанецот кој упати смртни закани кон Заев и Пендаровски

by Fokus

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Г.П.(45) од Вевчани, соопштија од МВР.

– Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица, информираат од МВР.

При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, како што посочија од МВР, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости