Заев: Поддржана е најсиромашната маса во земјава, задржани се работните места!

by Fokus

На денешната прес конференција премиeрот Зоран Заев истакна дека економската и финасиската политика која ја спроведува Владата дава резултати и меѓудругото е насочена за поддршка на граѓаните, како на економски така и на здравствен план.

„Владата беше тука за поддршка на граѓаните и здравствено и економски. Вкупните даночни приходи се резултат на 189,9 милијарди денари. Позитивен тренд бележиме и кај придонесите, 102% односно 2% повеќе од планираното. Стоките и услугите се намалени на 85%, односно само 5% помалку од минатата година. Над 11,2 милијарди евра издвоивме за четирите пакети економски мерки. Македонската економија е стабилна, жива и динамична. Ефектите се видливи. По 14,9% пад, го ублаживме падот на 3,2% во рамки на Ковид кризата. Мерките се вистински. Поддржана е најсиромашната маса во земјава, задржани се работните места. Ова е најсериозен аргумент, дека економската и финансиската политика на Владата дава резултати “, истакна премиерот Заев.

Поврзани новости