Албанија ќе вакцинира по 60 лица во еден час

by Fokus

Албанија интензивно се подготвува за почеток на вакцинацијата против Ковид-19,со цел оваа активност да помине во најдобар ред.

Премиерот Еди Рама и министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу беа во обиколка на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана, чиј внатрешен простор ќе се користи за вакцинација против Ковид-19.

Министерката рече дека се преземени сите мерки од безбедносен аспект и оти се подготвени тимови кои ќе ја спроведуваат имунизацијата.

-Досега има поставено 20 кабини од вкупно 60 колку што ќе има за вакцинација. Планираме да вакцинираме 60 лица на секој час, можеби малку повеќе граѓани. Вакцнацијата ќе се одвива 8-10 часа на ден. Секако дека првите вакцини што ќе дојдат се посветени на ризични групи според нашиот план за имунизија, рече Манастарлиу.

Ќе имаме и тимови за итни случаи што ќе бидат поставени на ,за тоа определени места, или надвор од стадионот или во просториите на самиот стадион.

По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.

Поврзани новости