Приведен осомничен за палење на автомобилот на пратеникот Ристески

by Fokus

Денеска е приведено лице кое е осмничено за опожарување на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од Прилеп, велат од МВР.

„На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости