Приведен криминалец од Скопје осуден на четири години затвор

by Fokus

Криминалец од Скопје, баран со судска потерница, вчера вечерта е уапсен за издржување затворска казна.

Од МВР соопштија дека полицајци од одделение за криминалистички работи при МВР на ул.„МАНАПО“ во Скопје го лишиле од слобода Е.М.(24) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување на казна затвор во траење од четири години за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.

Поврзани новости