Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и внатрешнополитички мотивирани, оценува поранешната германска амбасадорка во Скопје

by Fokus

Барањата на Бугарија кон Северна Македонија се дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешнополитички мотивиран потег. Со ова мора да му се даде за право на првиот човек на тинк-тенкот Европска иницијатива за стабилност (ЕСИ), Гералд Кнаус, кој одлучно бара разликите во ставовите околу националните прашања, историја, идентитет, вклучително и национален јазик, да не смеат да се користат за попречување на зачленување во ЕУ, оценува во колумна за Дојче Веле Гудрун Штајнакер, поранешна заменик-амбасадорка на Германија во Софија (2006 – 2009г.) и амбасадорка во Скопје (2011 – 2014 г.).

-Сојузната германска влада мора да го искористи претседателствувањето со ЕУ, да апелира врз разумот на бугарската влада, особено на ‘партискиот пријател’ во ЕПП, премиер и претседател на ГЕРБ, да си ја преземат својата одговорност кон Европа и полемиките околу историјата и јазикот да им ги препуштат на експертите. Наместо ова, Борисов и неговата политичка елита во Бугарија треба повеќе да се погрижат за тоа конечно да си ги завршат домашните задачи во борбата против корупцијата и криминалот, пишува амбасадорката Штајнакер.

Набљудувачите, наведуваа таа, се на мислење дека, првенствено поради внатрешнополитички причини, бугарската влада, преку бугарската министерка за надворешни Захариева, најави вето за почеток на пристапните преговори во ЕУ за Северна Македонија, доколку таа не признае официјално дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот.

-Ова де факто ѝ оди во прилог и на опозициската националистичка ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, која ликува бидејќи на премиерот Зоран Заев повторно не му успеа да го започне процесот на пристапни преговори со ЕУ. Но, самото тврдење дека македонскиот е само еден дијалект на бугарскиот, е ненадминлив во својата апсурдност. Како и денешниот бугарски јазик во 19 век, така и македонскиот по Втората светска војна се кодифицирал како стандарден јазик од страна на лингвистот Блаже Конески врз база на повеќе дијалекти кои се зборувале на територија на денешна Северна Македонија, пишува германската амбасадорка, во колумна насловена „Кој ќе го сопре бугарскиот мобинг врз Северна Македонија?“

Поврзани новости