683
Eден од истражителите на СЈО во моментов е во полициската станица Беко. Која е причината и зошто е приведен на информативен разговор, засега нема информации.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со дел од тимот предмалку пристигнаа во полициската станица.
Претходно вечерва, таа во интервју на Телма, информираше дека дежурниот истражител во УБК е избркан од управата. Не се знае дали се работи за истиот истражител.