Јанева пред Беко: Истражителот е неосновано задржан и си заминува со нас!

by fokus

-Истражителот си заминува со нас. За 15 минути сме известени дека ќе дојде командирот на станицата и него прашајте го зошто беше приведен. Истражителот е неосновано задржан, нам не ни беше доставено никакво објаснување, и тој си заминува со нас – рече Јанева пред полициската станица „Беко”.

Јанева рече дека приведениот истражител бил на терен и требало да лоцира каде живее „некој човек.” Специјалната обвинителка појасни дека станува збор за друг истражител, а не за дежурниот кој вечерва беше избркан од УБК.

По заминувањето од полициската станица „Беко“, специјалната обвинителка се упати кон МВР, за да види што се случува со истражителот од нејзиниот тим, кој беше избркан од управата.

Поврзани новости