Приведен гостиварец кој ја силувал невенчаната сопруга

by Fokus

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (8 октомври) во 18 часот и 30 минути го лишиле од слобода 52-годишниот гостиварец А.С., кој два часа порано бил пријавен од неговата 37-годишна невенчана сопруга дека претходната ноќ, спротивно на нејзината волја, извршил полов напад.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Поврзани новости