Анкета на Фокус: Внатрешниот судир го подели рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, ќарот е за СДСМ

by Fokus

Фокус“ го објавува своето најново истражување на јавното мислење за повеќе актуелни теми кое беше најавено во текот на вчерашниот ден.

Ги прашавме граѓаните кое е нивното мислење за политичката и економската состојба во земјава. Како медиум кој редовно ја следи и анализира политичката сцена, фокусот го поставивменанајновите политичките односи,ставовите на граѓаните во врска со изборите во 2024, но и евалуација на економските мерки и политики.

Ова се резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, октомври 2023 година, за потребите на „Фокус“.

Очекуваме дека истражувањето ќе привлече внимание кај граѓаните, читателите, но и кај стручната јавност. Ви претставуваме интересни аспекти вредни за анализа, особено за тоа како политичките односи влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, внатрешните поделби ја ослабнаа партијата

Согласно резултатите од истражувањето, внатрешните поделби во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се прелеваат и кај расположението на гласачкото тело односно директно влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Заклучок е дека Судирот Мицкоски – Груевски ја ослабна партијата и видливо го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку внатрешниот раскол се преслика и на претстојните избори и се случи нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да истапат на парламентарните избори со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како веројатност,поделената ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз.

На прашањето „Кога изборите би биле денеска, за која партија е најверојатно да гласате“ за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните. За СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ова значи дека од кулминација на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ најголема корист има СДСМ. Гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е поделено и речиси кај половина има расположение да поддржат нова партија предводена од Никола Груевски. „Фокус“ веќе го анализираше судирот во ВМРО меѓу Мицкоски-Груевски. Останува да се види дали моменталното расположение на гласачкото тело на десницата ќе доживее крешендо, но секако пресметките во десницата тектонски се рефлектираат на рејтингот на опозициската партија.

Кај албанските политички партии ДУИ е стабилна и води со 6.2% од испитаниците. За Коалицијата на Алтернатива, БЕСА и Демократското движење се изјасниле 4.2% а за Алијанса на Албанците 2.7% од граѓаните.

Груевски го топи рејтингот на Мицкоски, ќарот од судирот е за Ковачевски

Според резултатите од анкетата, поделеноста на гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и дистрибуцијата на табори на Мицкоски и Груевски доведува до политички ќар за Ковачевски при што тој со својот рејтинг избива над вмровските лидери кои се во конфликт.

На прашањето „За кого би рекле дека е Ваш омилен политичар“ најмногу испитаници одговориле „ниту еден“ односно 25.1%.

За Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

После анкетата на ИРИ ова е второ истражување на кое Никола Груевски има повисок рејтинг од Христијан Мицкоски.

Иако Груевски има мала предност од 0,6%, од аспект на политичка анализа е вредно за одбележување.

Дали ова ќе стане тренд или е само краткорочна рефлексија на незадоволството на граѓаните генерално од сите политичари останува да видиме.

Економската нестабилност најзначаен предизвик за граѓаните

Економската нестабилносте најзначаен предизвик за граѓаните за што се изјасниле дури 74% од анкетираните. Значителни 69% од испитаните граѓани сметаат дека главниот предизвик е корупцијата, а 60% дека тоа е неефикасниот судски систем. Станува збор за 11 понудени одговори на кои граѓаните  можеле да се изјаснат со наведување повеќе избрани опции.

Граѓаните ги почувствувале антикризните мерки на Владата и сметаат дека даваат позитивен резултат

Над 50% од испитаните граѓани во истражувањето на „Фокус“ сметаат дека антикризните економски мерки на Владата на Димитар Ковачевски даваат позитивен резултат.

На прашањето „Дали сметате дека политиките на владата за ублажување на кризата предизвикана од војната во Украина, даваат позитивен резултат“ 19.3% се изјасниле дека „даваат значаен резултат“, 31.5% од граѓаните сметаат дека „даваат делумен резултат“, а 23,6% од граѓаните сметаат дека „даваат минимален резултат“. Само 18.4% од граѓаните сметаат дека мерките не даваат никаков резултат.

Најавите за нови мерки и политики за намалување на цените или помош на граѓаните во пресрет на зимата очигледно ќе бидат значајна тема за граѓаните во наредниот период.

Останува силната поддршка за членството во ЕУ со 68% проценти од граѓаните

Истражувањето на „Фокус“ покажа дека останува силната поддршка на граѓаните за членство во ЕУ. 68,1% од испитаниците се изјасниле дека го поддржуваат членството во ЕУ, 9,25% дека се против а 22.4% се изјасниле против зачленувањето во ЕУ.

Исто така и членството во НАТО има силна поддршка од 72.1% од испитаните граѓани. Членството на Македонија во иницијативата “Отворен Балкан” го поддржуваат 76% од граѓаните.

Половина од граѓаните се неутрални по однос на уставните измени

Интересно за политичка анализа е и прашањето за поддршката на уставните измени. За прв пат во едно истражување се забележува поголем процент на граѓаните да се неутрални по однос на потребата од внесување на Бугарите и други етнички заедници во Уставот со цел земјата да продолжи со поглавјата низ преговорите со ЕУ.

На прашањето „Дали би ги поддржале уставните измени потребни за одблокирање на преговорите со ЕУ“ половина, односно 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат.

Дали ова значи тенденција на промени на расположението на јавноста кон поддршка за уставни измени останува да видиме понатаму, за што Фокус ќе се заложи да продолжи да ги следи состојбите на ваков методолошки начин, со цел да се видат трендовите.

Доста е од предвремени избори, граѓаните се за редовни изборни циклуси

„Фокус“ ги праша граѓаните и кој став е најблиску до нив во врска со тоа кога треба да се одржат следните парламентарни избори. Најголем процент од испитаните граѓани, 58.4%, сметаат дека изборите треба да бидат во редовниот термин и дека е доволно од предвремени избори во земјата. 27.4% од испитаните граѓани поддржуваат одржување предвремени избори. Забележливо е дека има поделени мислења на граѓаните за терминот на одржување на парламентарните избори.

За истражувањето:

Телефонска анкета со големина на примерок од 1.200 испитаници.Репрезентативен примерок по региони, место на живеење и националност, квотиран по пол и возраст.Прашалникот беше програмиран во Dooblo, обезбедувајќи строг логичен тек и контрола на интервјуто.Собирањето на податоците беше извршено во периодот од 01-06 октомври2023 година. Анализата на податоците е направена во софтверите на IBM за статистичка анализа во општествените науки, SPSS и AMOS.

Поврзани новости