455
Полицијата привела четири лица од вкупо 15 кои ги бара јавното обвинителство во врска со упадот и насилството во Собранието, објави АЛСАТ М повикувајќи се на неофицијални извори.
Еден од четворицата, велат истите извори, е началник во Управата за безбедност и контраразузнавање. Останатите 11 по кои се трага засега се недостапни за полицијата. Сите 15 лица по кои од синоќа трага МВР, неофицијално, се дел од групата која упадна во прес центарот на Собранието и ги тепаше пратениците.