За едни тупаници, за други прегратки: Канческа-Милевска во прегратка на насилник со фантомка

by fokus 13:37
13:37

„Фокус“ веќе објави видео на кое се гледа како дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се гушкаат со некои од насилниците, а на фејсбук се споделува фотографија на која јасно се гледа дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска се поздравува со еден од насилниците кој носи фантомка на главата.

Очигледно е дека на пратеничката не и пречела фантомката за да го препознае познаникот, па јавноста се надева дека ќе соработува и со обвинителството и МВР, доколку тие имаат проблем да го идентификуваат.

- Advertisements -

Поврзани новости