Приведен 23-годишник кој ограбил малолетник во населба Тафталиџе

by Fokus

Полицајци од полициската станица Карпош вчера го уапсиле 23-годишниот С.Р. од Скопје, постапувајќи по пријава на родител, дека едно лице со закана одзело пари од чантата на неговиот малолетен син.

Според пријавата, настанот се случил во близина на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Московска“.

С.Р. е приведен во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а кај него биле пронајдени одземените пари.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости