Во Лисиче казнети 151 возач, 20 возеле без дозвола

by Fokus

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (17. октомври) спорвела засилени конторли на територијата на Горно и Долно Лисиче во Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 151 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола на 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости