Приватните превозници на протест, Ленин не е информиран

by fokus

Дел од приватните превозници од девет часот денеска ќе протестираат пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.

Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.

Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ одлучено е денеска да се протестира. Како што нагласи, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци.

Милорад Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес“, потврди дека таков состанок се одржал, но, тој не присуствувал на него.

– Има информации во јавноста дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз“, по кој основ, не знам. Кај нас немаат префрлено ништо од 2 ноември наваму, изјави Димитриевски за МИА.

МИА го контактираше и Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, кој вчера ни кажа дека тој лично не е информиран за ваков протест.

Поврзани новости