Притворен е гостиварец кој извршил 12 тешки кражби во куќи во Гостивар и Тетово

by Fokus

Гостиварец кој се сомничи дека е извршител на серија кражби во куќи, вчера попладне бил лишен од слобода и со пријава изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. На З.С.(47) од гостиварското село Чегране, синоќа му е определен осумдневен притвор.

Според информацијата на СВР-Тетово, тој вчера попладне е лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар.

– З.С. се сомничи за извршени вкупно 12 кражби и тешки кражби годинава на подрачјето на Гостивар и Тетово. Најголемиот број од кражбите ги извршил во приватни куќи“ – наведуваат од СВР Тетово.

Тој ќе биде спроведен во затвор „Скопје” за издржување на мерката притвор.

Поврзани новости