Притвор за осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, дедото и вујкото го криеле

by Фокус

Четириесет и осумчасовно задржување е мерката која е одредена за осомничениот за синоќешниот напад кај Младеновац во кој беа убиени 8 лица, а повредени 14 лица.

Уапсени се и дедото и вујкото на 21-годишниот напаѓач, бидејќи му помагале во криење при полициската потрага, пренесуваат српските медиуми.

Осомничениот за масакрот кај Младеновац беше уапсен утрово во околината на Крагуевац, по осумчасовната потера во која учествуваа над 600 полицајци.

При претресот во викендичката што 21-годишникот ја користел за криење, полицијата пронајде арсенал на оружје, вклучително автоматска пушка без фабрички број, пиштол, четири рачни бомби и над 200 куршуми.

Крвавиот поход почнал синоќа пред полноќ, во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, пришто 21-годишно момче уби осум млади лица, меѓу кои и 15 годишно дете и полицаец кој не бил на должност, како и неговата сестра.

Поврзани новости