Примирјето во Газа продолжено за два дена

by Fokus

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал Ансари соопшти дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа.

Државата Катар соопштува дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа, како дел од тековното посредување.

Хамас исто така го потврди примирјето, но Израел допрва треба да го коментира тоа.

„Исламското движење на отпорот Хамас објавува дека е договорено со неговите браќа во Катар и Египет да се продолжи привременото хуманитарно примирје за дополнителни два дена под истите услови како и претходното примирје“, се вели во соопштението на Хамас, пишува „Скај Њуз“.

Поврзани новости