Пријави за врсничко насилство и сугестии од професори да се превенира, стигнале во првите пораки на е-маилот на МОН

by Fokus

Десетина пораки за пријавување врсничко насилство деновиве стигнале на е-маил адресата на Минситерството за образование и наука.

МОН соопшти дека на на eлектронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик изминатите денови стигнале десетина пораки, од кои дел се однесуваат на врисничко насилство.

Меѓу пораките има и такви од поранешни професори кои даваат сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите на училишна возраст.

Овие е-маил адреси Министерството ги отвори по трагедијата во Белград, во која ученик од ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум своученици и чуварот на училиштето.

„Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите играѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување изапирање на непосакуваните однесувања.

Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, стои во соопштението од Министерството за образование и наука.

Според МОН училиштата мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниотпроцес.

„ Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, за да се намалат сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во консултација со експертската заедница, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите“, изјави Министерството за образование и наука.

МОН ги повика родителите да земат активно учество, воспитувајќи ги своите деца на толеранција, ненасилство како и почитување и разбирање за различните од себе.

„Само со заеднички напори на сите чинители во воспитувањето и образувањето на децата можеме да се избориме за здрава младина и безбедни училишта“, вели Министерство за образование и наука.

Поврзани новости