Прифатено барањето на Босна и Херцеговина за влез во ЕУ

by fokus

Европската унија го одобри барањето на Босна и Херцеговина за влез во Унијата. БиХ поднесе апликација во февруари, а според ЕУ до сега постигнала значителен напредок.

Сега, државата ќе добие прашалник по кој треба да се утврди дали земјата заслужува статус на кандидат за членство.

По добиените одговори Европската комисија ќе направи проценка на босанската економија, на нивото на демократија, владеење на правото и човековите права.

Еден од клучните услови е исполнувањето на решение од 2009 година на Европскиот суд за човекови права, што ја обврзува земјата да дозволи на етнички малцинства, како Евреи и Роми, да можат да аплицираат за високи државни позиции.

Поврзани новости