И Собранието одби да се изјасни за активностите на Талески од притвор

by fokus

Собранието одби да даде објаснување за тоа дали градоначалникот на Битола, Владимир Талески, имал право да потпишува службени докуметни од куќен притвор.

Од таму на барањето на советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, одговориле дека таа нема право да бара автентично толкување на закон.

Илиевска пак, барањето го поднесе како член на Советот на Битола и токму затоа е изненадена од одговорот на Собранието.

– Фактот што за Талески е укината мерката домашен притвор не може да го смени фактот дека цели три месеци тој спротивно на закон потпишуваше документи од дома, комуницираше со лица со кои не смееше да комуницира, со што се стави над системот и над законите во оваа држава, додека институциите се прогласуваат за ненадлежни и не се мешаат во сопствените работи – вели советничката за Мета.

Претходно, таа поднесе барање до Основниот суд во Скопје и до Апелацијата, но и од двете институции беше одбиена со образложение дека судовите не се надлежни да ги толкуваат законите, па ја упатија во Собранието.

Инаку, Апелациониот суд вчера ја прифати жалбата на Талески и му ја укина мерката притвор. Од СЈО денеска поднесоа жалба на оваа одлука и бараат продолжување на притворот. Градоначалникот ќе биде на слобода се дури трае жалбената постапка.

Поврзани новости