Викиликс: Груевски му ветувал на Ахмети социјални пакети за ОНА и закон за двојазичност

by fokus

Викиликс објави документи од предизборниот договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети во 2008-ма година познат како „Мајски договор”.

Според него, тогашниот премиер на лидерот на ДУИ му ветил дека ако како коалиционен партнер му помогне да остане на премиерската функција, пред пратениците ќе предложи закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и закон за употреба на албанскиот како официјален јазик.

dvojazicnost-gruevski-1

-Амбасадорот на САД го потсети Груевски на двете отворени прашања од Договорот од 29. мај помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДУИ – социјални пакети за жртвите од војната во 2001, и завршување на нацрт-законот за јазикот. Груевски одговори дека неговата Влада е подготвена да даде пари и работни места на лицата кои ДУИ веќе ги предложил- стои во документот на Викиликс.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема реакција, а од ДУИ само велат дека тоа не е новост, и дека тие две прашања биле дел од Мајскиот договор со посредство на САД и ЕУ.

Поврзани новости