Прифатен приговорот на БЕСА, поништено гласање во „шестката”

by fokus

Државната изборна комисија го прифати приговорот на БЕСА, откако графолошкото вештачење покажа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно во нејзино име гласал некој друг.

Со шест гласа  за и три против, членовите на Државна изборна комисија го усвоија приговорот на БЕСА и донесоа одлука да се прегласа во гласачкото место 0396/1 во Гостивар.

Во неделата на ова избирачко место гласале 450 од запишани скоро 900 гласачи. Разликата во целата 6-та изборна единица е 306 гласа, а во ова гласачко место СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 102 наспроти 74 гласови.

Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК вечерва одлучува за уште два приговори на СДСМ, четири од приговорите ги одби Комисијата, а два ги повлече партијата. Во меѓувреме, протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК продолжува.

Поврзани новости