При претрес пронајдени оружје и муниција

by Fokus

Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 62-годишниот Д.Ч. од скопското село Љубанци, информираа од МВР.

Според полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

 

Поврзани новости