Президент им се заблагодари на своите потрошувачи

by Fokus

Сакајќи да им се оддолжат на своите потрошувачи и да им овозможат да останат колку што е можно побезбедни во своите домови, на праговите на голем број домаќинства Президент дистрибуираше прекрасни пакети со книга со рецепти и кулинарски идеи, кутија со јајца и Президент црвени бои за јајца што ги развеселија оние што најмалку очекуваа ваков подарок.

„Сакаме да им се заблагодариме на нашите потрошувачи за трпеливоста и разбирањето што го покажаа за нас во оваа вонредна состојба. Во време кога нашето мотото „Неодолива страна на животот“ има целосна смисла, бидејќи се вративме кон семејните вредности и здравјето како врвен приоритет, инициравме акција во која на нашите потрошувачи сакавме да им кажеме едноставно – благодарам“ – вели претставник од Президент.

Хигиената и чистотата во целиот продес на производство и дистрибуција на производите на Президент е на завидно ниво, а во оваа ситуација е направен дополнителен чекор со почитување на сите препорачани мерки, но и бесконтактната достава пред домовите на потрошувачите.

„Сметаме дека Велигденските празници се вистинската прилика да споделиме убави мигови и да им го честитаме овој голем празник на нашите потрошувачи, да ги направиме среќни и да им се оддолжиме за нивната лојалност“ – додаваат од Президент.

Поврзани новости