Втора недела карантин: Мерките даваат резултати, но стануваат тешко подносливи

by Фокус

Пишуваат
проф. д-р Густаво Сарагоса-Пасквал
проф. д-р Ирина Чудоска-Блажевска

Бројот на мртвите продолжува да расте, на болните исто така и, пред сè, расте стравот од зараза кој стана главната грижа на граѓаните. Многумина се заштитуваат на интересни начини, недостатокот на маски и ракавици натера многу луѓе да си направат сопствената опрема за заштита, од најневеројатни материјали со евентуална мала или никаква употреба, со враќање во мода на марамите, кои од вратот се креваат за да ја покријат устата, а ракавиците, за да го фатат овошјето во супермаркет, стануваат постојано употребливи како штит против болеста.

Една од изненадувачките работи што се случуваат деновиве е бројот на студии и препораки кои се даваат од субјекти со мала научна контрола и што, во некои случаи, доаѓаат до заклучоци од надрилекари од секаков вид. Меѓу највпечатливите се студиите кои се однесуваат на можноста вирусот да остане активен на различни површини. Давање списоци на некои производи што се особено вирусни си обезбедуваат пропаганда којашто активно се шири. Овие податоци, заедно со лагите направени исклучиво со цел да се забавуваат или едноставно да направат штета, создаваат чувство на колективна паника што го парализира целото општество.

Од друга страна, ако го погледнеме пошироко, се појавуваат љубопитни фотографии од каналите на Венеција, со чисти води и, исто така, слики од чисто небо ослободено од специфичната контаминација. И покрај тоа, или токму од таа причина, вирусот продолжува да прави хаос кај населението, додека истовремено животната средина има голема корист од него. Оние кои сè уште не се достигнати од очајот, не можат да го избегнат чувтството на запрепастеност од тоа колку е парадоксална ситуацијата.

Изречените мерки за изолација, сигурно дека имаат позитивни резултати за целото население, но почнуваат да бидат тешко подносливи за оние кои петнаесет дена немаат стапнато на улица и немаат поим за тоа кога ќе можат да го направат тоа. Децата, од кога беа прекинати часовите, се заклучени во своите домови и во споредба со првата вест за немање училиште којашто беше прифатена со радост, веќе почнуваат да им недостигаат игрите со другарите, да спортуваат и станува се потешко да им се организира времето помеѓу четири ѕида кои почнуваат да се повеќе да се стеснуваат околу оние кои се опколени со нив.

Од друга страна, старите лица , одговорни и загрижени за нивното здравје, се сосема изолирани и дури не се осмелуваат да излезат по најнеопходното и поради тоа има групи на волонтери кои ја вршат оваа работа, но недоволно. Општо земено, состојбата на умот започнува да попушта, меѓучовечките односи, социјалниот живот, вообичаеното однесување, културата. Сето ова е збришано и е заменето со единствена телевизиска програма што се емитува на сите канали, во кои постојано одново и одново се повторува  да се остане дома.

Поврзани новости