Претставничкиот дом очекува импичмент за Трамп во следните седум дена

by fokus

Претставникот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Џејмс Клибурн денеска изјави дека Конгресот може да поднесе импичмент за претседателот Доналд Трамп во следните шест или седум дена.

Претходно, помошникот претседател на Претставничкиот дом Кетрин Кларк рече дека демократите се подготвени да гласаат за импичмент на Трамп доколку потпретседателот Мајк Пенс не се повика на 25-от амандман за отстранување од функција на претседателот.

– Доналд Трамп мора да биде отстранет од функцијата и ние ќе продолжиме со секоја алатка што ни е потребна за да се осигураме дека тоа ќе се случи за да се заштити нашата демократија, изјави Кларк.
Според Клејбурн, Трамп треба да биде сменет, без оглед на одлуката на Пенс.

Претходно, медиумите објавија дека Пенс не го поддржува активирањето на 25-от амандман.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси повика на смена на актуелниот претседател Доналд Трамп пред крајот на неговиот мандат на 20 јануари.

Поврзани новости