Претседателот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Рубиалес на дисциплинска во ФИФА, поради контроверзниот бакнежот на Светското првенство

by Fokus

Светското раководно тело на фудбалот ФИФА отвори дисциплинска постапка против претседателот на шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес, откако видеото покажа дека тој ја бакнува ѕвезда на победничката репрезентација на Шпанија на Светското првенство, иако таа не го сака балнежот, јави Си-Ен-Ен.

„Настаните може да претставуваат прекршување на член 13 ставови 1 и 2 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА“, се вели во соопштението на ФИФА.

Членот 13 се однесува на прекршување на законите на играта, на пример „кршење на основните правила на пристојно однесување“.

Претседателот на РФЕФ, Рубиалес, исто така е под обновен притисок од две водечки шпански организации вклучени во женскиот фудбал поради неговото однесување по победата на Ла Роха на Светското првенство.

Синдикатот што ги претставува шпанските фудбалерки побара казнување на шефот на фудбалската федерација на земјата затоа што ја бакна Џенифер Хермосо во усните по победата на тимот на Светското првенство, бидејќи вети дека ќе се бори против „мачизмот и сексизмот“.

„Од суштинско значење е нашиот тим, актуелниот светски шампион, секогаш да биде претставен со личности кои проектираат вредности на еднаквост и почит во сите области“, се вели во соопштението на Здружението на професионални фудбалери на Шпанија (ФУТПРО).

Поврзани новости