Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје, информираат од Обвинителството, посочувајќи дека дејствата се преземени во рамки на предистрага поведена врз основа на написите во неделникот „Фокус“.
„Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, соопштија од ЈО.
Инаку, инспектори и обвинители вчера ја „тресеја“ скопската Клиника за онкологија. Се собираа компјутери, медицински истории од пациенти, кои биле пациенти на оваа клиника. На Клиниката беа влезени Сектор за економски криминал и корупција при МВР и ОЈО, кои потоа извршија претреси и во домовите кај дел од вработените на скопската клиника.
(ГАЛЕРИЈА) Ексклузивни фотографии од претресот на Онкологија
Тоа следуваше откако неделникот „Фокус“ објави серијал на текстови поврзани со крадењето скапа биолошка терапија на клиниката, која е воведена од 2019 година:
Ирена Мулачка