„Фокус“ дознава дека се вршат претреси во домовите кај дел од вработените на скопска Онкологија

by Fokus

Во моментов се вршат претреси и во домовите кај дел од вработените на скопската Клиника за онкологија, откако претходно инспектори и обвинители упаднаа во болницата, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, Секторот за економски криминал и корупција на МВР заедно со ОЈО цела вечер се на терен, а во моментот се вршат претреси и во домовите, односно се бараат дополнителни материјали од тоа што претходно можело да се најде на клиниката.

Како што дознаваме, од Онколошката клиника биле одземени компјутери и медицински истории на пациенти.

Откако објавивме дека по серијалот текстови објавен во „Фокус“ поврзани со крадењето скапа биолошка терапија на Клиниката за онкологија, денеска инспектори и обвинители ја „тресат“ клиниката, од Основното јавно обвинителство сооштија дека по нивни насоки, се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, велат од ОЈО.

Злосторничко здружение на Клиниката за онкологија: Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

Нови сознанија за криминалната шема на Онкологија: Никој не може да контролира дали скапата биолошка терапија се меша со физиолошки раствор!

Метастазира хаосот на Онкологија: Клиниката набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!

Ирена Мулачка

Поврзани новости