Претепаниот копретседател на бугарскиот клуб од Струга сака да се лекува во Софија

by Fokus

Копретседателот на здружението на Бугари „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески, кој беше претепан пред два дена, сака да замине за Бугарија и таму да го продолжи лекувањето, бидејќи како што вели, се сомнева дека ќе добие соодветна помош во Македонија.

Тој во емисија на државната „БНР“ соопштил дека денеска се чувствува подобро, но истакнал дека во болницата не му се направени никакви испитувања, туку само му биле препишани лекови. Според него, лекарите не биле особено засегнати од неговите повици за помош.

„Ми рекоа: кога ќе ти дојде редот, можеш да се снимаш“, вели Кадриески, кој се пожалил на стомачни болки и главоболки.

Посочил дека го видел својот напаѓач, но немал блиски односи со него, но дека напаѓачот сам ѝ се предал на полицијата.

Кадриески нема бугарски пасош, ниту државјанство, но потенцира дека има бугарска самосвест и идентитет.

Поврзани новости