Претепан и ограбен Украинец во скопскиот Градски парк

by Fokus

МВР информира дека утринава околу 00.40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Х.Л. од Украина.

Според пријавеното, тој во Градски парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои потоа му одзеле паричник со лични документи, пари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости