Во исто време пријавен пожар во возила и во Чаир и во Мичурин

by Fokus

МВР информира дека утринава околу 03.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Б.А.(33) од Скопје и патничко возило „опел корса“, сопственост на Е.Д. (38) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Во исто време, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.М.(32) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „субару“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Н. (58) од Скопје.

И овој пожар бил изгаснат.

Поврзани новости