Преродбеничко цунами во производството на индустриски растенија!

by Фокус

samoil malcevski malaЧудно време, во кое сакале и не сакале да признаеме скоро сите сме оптоварени со дневно-политичките збиднувања. Тоа значи дека само по себе ни се наметнува да слушаме разно-разни изјави од компетентни, помалку компетентни или крајно некомпетентни лица. Притоа, се повеќе може да се забележи определени функционери на преродбата наместо да дадат одговор на поставено новинарско прашање, строго следејќи ги наредбите на газдите да го повторуваат добро научениот рефрен: Ние имаме проекти. Среќни сме што ги реализираме проектите, кои се дел од нашата програма итн. Се разбира притоа мислат на смешните наброени ставки во накитените брошури, во кои дури и изработката на web-страна се третира како проект од круцијално значење за развојот на државата.

Но, да ги оставиме глупостите со кои преродбениците се обидуваат да фрлаат прашина во очите на граѓаните, при што се обидуваат да прикажат дека државата напредува, а особено дека имаме значителен напредок во аграрот. Сепак, пред извесно време ме заинтригира изјавата на еден висок функционер, кој сакајќи да си даде до значење најави сериозен развој на производството на индустриските култури, при што посебно ја потенцираше маслодајната репка. Имено, оваа изјава на дотичниот функционер ме поттикна малку посериозно да ги погледнам податоците кои се однесуваат на производството на индустриски растенија.

Стабилно, но слабо профитабилно производство на тутун

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во периодот од 1999-2013 година површините на кои се одгледувал тутунот биле променливи. Промената на површините на кои е застапен тутунот може да се согледа од податоците во табела 1. Како што може да се види, почнувајќи од 1999, па се до 2009 година со мали осцилации имаме континуирано намалување на површините на кои е застапена оваа култура и истите се за околу 10% зголемени во 2011 и 2012 во споредба со 2009 година, за да во 2013 имаме намалување околу 2% во споредба со 2012 година. Ваквиот тренд непосредно се одразил на просечната површина на кои е застапен тутунот, па така во периодот од 1999-2002 година тутунот просечно е застапен на 22023 хектари, во периодот од 2003-2006 година на 17913 хектари и во периодот од 2007-2013 година на 18684 хектари. Не треба да се биде многу умен за да се пресмета дека во периодот 2007-2013 година во однос на периодот 1999-2002 година просечните површини на кои се одгледувал тутунот се намалиле за 15,16%, а додека во однос на периодот 2003-2006 година истите се зголемиле за 4,13%. Последното само по себе значи дека во случајов не станува збор за спектакуларни резултати и дека информациите кои преродбениците ги лиферуваат во јавноста се само дел од долгата, скапа и брутална политичка кампања во која живееме последниве осум години.

Што се однесува до вкупното производство на тутун, може да се каже дека, со исклучок на 1999, 2008 и 2010 година, тоа е релативно стабилно, што непосредно влијае на просечното годишно производство во разгледуваните подпериоди. Така, во периодот од 1999-2002 година тоа изнесува 24918 тони, за да во периодите 2003-2006 и 2007-2013 година истото е 24586 и 25039 тони, соодветно, што значи дека немаме забележителна промена по овој показател. Навистина, од горните податоци лесно се гледа дека во периодот 2007-2013 година просечното производство на тутун е поголемо за 0,48% и 1,84% во однос на периодите 1999-2002 и 2002-2006 година, соодветно, па оттука приказната за наводните успеси на ова поле не е ништо друго туку само уште еден рекламен трик на преродбениците, кој постојано се пласира преку преплатените медиуми и квазиновинари.

Со­с­тојбата со годиш­ниот при­нос по единица по­вршина е малку пораз­лична, па та­ка во перио­ди­те од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година про­сеч­ниот  го­ди­шен принос по хек­тар из­несувал 1109, 1372 и 1332 килограми. Нема посебно да пресметуваме, но јасно е дека просечните приноси по хектар се највисоки во периодот 2003-2006 година, податок кој повторно говори дека преродбениците едноставно сите овие години, користејќи ја евтината политичка пропаганда, пласираат дезинформации, т.е. безочно ги лажат граѓаните.Malceski 01

Понатаму, согласно Стратегијата за развој на земјоделството и нејзината имплементација во Програмите за финансиска подршка на земјоделството субвенциите за тутунот се зголемени од 15 на 60 денари по килограм откупен тутун.Malceski 02Притоа, оваа мерка, заедно со останатите мерки предвидени во Стратегијата требало да придонесат за забележително зголемување на производството на тутун. Меѓутоа, горните податоци говорат дека тоа не е случај, па оттука може да се каже дека ваквото зголемување на субвенциите на тутунот нема за цел унапредување на производството, туку целите се пред се рекламно-политички мотивирани, т.е. дека се во функција на корумпирање на огрмното гласачко тело кое се занимава со производство на оваа култура.

Кога сме кај стоковиот сектор тутун и преработки од тутун традиционално покриеноста на увозот со извозот е најголема и таа во периодите 1999-2002, 2003-2006 – 2007-2013 година изнесувала 530,39%, 633,93% и 530,02%, што значи дека прво имаме зголемување на покриеноста на увозот со из­воз, за да потоа истата се на­мали (види табелите 2 и 3). Од презентираните податоци се гледа дека суфи­цитот во овој стоков сектор со мали осцилации има позитивен тренд, кој пред се се должи на про­ме­ната на цената на тутунот, што може да се види од пода­тоците за извозот на неиз­жи­лениот тутун во тони и неговата вредност изразена во САД долари, табела 4.Malceski 03На­вистина, во периодите 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просечниот годи­шен извоз на неизжилен тутун изнесувал 15575, 21512 и 19255 тони, соодветно, при што е остварен просечен девизен прилив од 54291000, 76158000 и 99174000 САД дола­ри, соодветно и тоа по просечна цена од 3486, 3540 и 5306 САД долари по тон. Тоа значи, дека во периодот 2007-2013 година при про­сечно намалу­ва­ње на годишниот из­воз на неизжилен тутун од 6,37% во однос на периодот од 2003-2006 година, оства­рено е зголемување на девизниот прилив од 40,32%. Јасно, ова се должи на зголемување на просечната цена на неизжилениот тутун во периодот 2007-2013 година во однос на периодот 2003-2006 година од 49,88%, а во однос на периодот 1999-2002 година од 52,21%.Malceski 04

Уништување на производството на сончоглед

Од податоците во та­бела 5 може да се ви­ди дека во периодот од 1999-2012 го­дина имаме тренд на нама­лу­ва­ње на површините на кои е за­стапен сончо­гле­дот. Непо­средна последица ма вак­ви­от тренд е нама­лу­вањето на просеч­на­та површина од 7087 хектари на кои е застапен сончогле­дот во периодот од 1999-2002 година на само 4817 хек­тари на кои просечно е застапен сончогледот во периодот 2003-2006 годи­на, односно на 4031 хектари во периодот 2007-2013 го­дина. Според тоа, по­следователно во периодот од 2007-2013 година во однос на периодите 1999-2002 и 2003-2006 година повр­шините под сончоглед просечно се на­ма­лиле за 43,12% и 16,32%, соод­вет­но.Malceski 05Трендот на ож­неаните повр­шини го сле­ди е вкупното произ­вод­ство на сончоглед, што непосредно се одразува на просечното годишно производство во раз­гле­ду­ванните подпериоди. Така, истото во периодите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година изнесува 8868, 6821 и 5926 тони соодветно, што значи дека во периодот од 2007-2013 година во однос на периодите 1999-2002 и 2003-2013 година просечното годишно производство на сончоглед се на­малило за 33,18% и 13,12% соодветно.

Што се однесува до состојбата со годишниот принос по единица површина може да се ка­же дека таа е малку по­различна. Така во пери­одите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 годи­на просечниот годишен при­нос по хектар изне­сувал 1226, 1431 и 1468 кило­грами, што значи дека имаме зголемување во секој нареден период, при што најголемо е зголемувањето во периодот од 2003-2006 во однос на периодот од 1999-2002 година.

Имајќи ги предвид претходните показатели, мене лично, а мислам и на секој добронамерен читател, не ми е јасно како е дојдено до оваа катастрофална состојба. Прашањето е уште поинтригантно, ако се има предвид дека според проекцијата на производството на сончоглед, благодарение на финансиската подршка, истото требало значително да се зголемува (види табела 6).Malceski 06

Malceski 07

Malceski 08Како што можеме да видиме, според стратегијата фи­нан­сиската подршка требало да резултира со динамика на за­ста­пеност на оваа култура и производство дадено во табела 6. Тоа значи дека во разгле­дуваниот период било пла­ни­рано годишно просечно да се засејуваат 7279 хектари, од кои при принос од 1607 kg/ha требало да се оствари просечно годишно производство од 11937 тони сончоглед. Овие проекции нема посебно да ги коментираме, туку само ќе споменеме дека во истиот период просечно со сончоглед биле засеани 4031 хектар, што е само 55,36% од планираното, при што е остварено просечно годишно производство од 5926 тони, што е само 49,65% од планираното, што секако дека е резултат и на нереалното пла­нирање на просечниот принос по единица површина од 1607 kg/ha во разгледуваниот период, на­спроти реално оства­рениот од 1468 kg/ha. На графиконите 1 и 2 е даден визуелен приказ за от­стапувањата од пла­нира­ното во Стратегијата и оствареното во периодот од 2007-2013 година. На последното немам друг коментар, освен прашањето:

Што тоа остварувате господо преродбеници? Енормен увоз?

Можеби, со оглед на податоците кои од страна на владините функционери, но и од парламентарната говорница бесрамно се пласираат во медиумите оваа констатација изгледа престрого. Но, сепак да ги погледнеме податоците за увозот на сурово масло од сончоглед публикувани од ДЗС (табела 7).Malceski 09Како што може да се ви­ди, скоро во целиот разгле­дуван пе­риод имаме тенден­ција на зго­ле­мување на де­визниот од­лив за увоз на су­рово масло од сончо­глед, што е ди­рект­на по­сле­дица од намаленото произ­вод­ство на сончоглед за кое претходно го­воревме и порастот на вкупните гло­бални цени на храната (види графикон 3). При­тоа, во перио­ди­те од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просеч­ниот де­визен одлив за увоз на сурово ма­сло од сончоглед из­несувал 11140000, 15476000 и 31093000 САД долари, со­од­вет­но, што значи дека во периодот 2007-2013 година тој се зголемил за 100,91% во од­нос на периодот 2003-2006 година, односно за фрапантни 179,10% во споредба со пе­риодот од 1999-2002 го­дина.Malceski 10

Производство на шеќерна репка – можност за бесконечен успех на преродбата

Не така одамна висок владин функционер се пофали дека конечно ќе биде зголемено производството на шеќерна репка, со што Македонија ќе ја намали зависноста од увоз на суров шеќер. Претпоставувам дека повеќе граѓани со задоволство ја примија оваа вест, но не и јас. Можда некој ќе помисли дека ништо не ми се погодува, дека во се сакам да најдам мана, но за да не се натегаме доволно е да се погледнат податоците дадени во табела 8. Па, дали е сега јасно што е причината за мојата недоверба. Имено, ако во период од шест години перење на мозокот на граѓаните за наводните успеси во аграрот не е произведен ниту еден тон шеќерна репка, тогаш природно е преродбениците да одговорат на што го темелат својот оптимизам за наводното намалување на зависноста од увозот на суров шеќер. Секако, основ за ваков оптимизам нема, освен ако повторно не станува збор за игра со бројки, во која производството од неколку стотици тони шеќерна репка процентуално ќе биде споредено со производството еднакво на нула. Е, тогаш навистина ќе имаме успех и тоа бесконечен, бидејќи секоја споредба со нула производство процентуално изразена е бесконечно голема.Malceski 11

Да се надеваме дека до ова нема да дојде и дека потпросечните типови кои себе си милуваат да се сметаат за експерти, новинари и аналитичари нема да добијат задча да ни продадат уште една ефтина приказна за преродбеничките успеси.

За настанатите состојби во производството на шеќерна репка сноси одговорност и  владеачката гарнитура пред напливот на преродбеничката политика, но сепак периодот од седум години континуирани реформи е доволно долг за нештата да се поправат. Јасно, тоа не е направено, па затоа и во стоковиот сектор шеќер и преработки од шеќер Македонија бележи континуиран пораст на трговскиот дефицит.Malceski 12

Malceski 13

Malceski 14Според податоците од табелите 9 и 10 во рзгледуваниот период имаме негативен тренд во покриеноста на узвозот со извозот во стоковиот сектор шеќер и преработки од шеќер и мед, која за пери­о­дите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година изнесува 27,62%, 27,38% и 19,33%, соодветно. Ваквата состојба, заедно со порастот на вкупните гло­бални цени на храната не­посредно влијаела за зголе­мувањето на тргов­ски­от де­фицитит во овој сектор, што може да се види и од графи­конот 4. Така, просечниот трговски дефицитит во пери­одите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2012 година из­несува 13550000, 19634000 и 44310000 САД долари, што значи дека во периодот од 2007-2013 година тој е за 125,68% и 227,025% поголем во однос на периодите од 2003-2006 и 1999-2002 го­дина, што е далеку над процентот на порастот на вкупните глобални цени на храната, па затоа единствено можно објаснување за вак­вата состојба е намалувањето на земјоделското производство во последниот период. По­тврда за вак­виот заклучок е и фактот дека според податоците од Држав­ни­от завод за статистика (Ста­тистички годишник 2000-2013) во периодите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просечниот годишен увоз на суров и рафиниран шеќер изнесувал 39423, 42447 и 51582 тони, соодветно, за што се во просек годишно се одлевале 10161000, 13626000 и 32274000 САД долари, соодветно.

Канцелариско водење на аграрот

Претходните разгледувања недвосмислено ми даваат за право да заклучам дека и во сегментот производство на индустриски растенија преродбата доживеала целосен колапс. Но, со сигурност може да се каже дека преродбениците не колабираа. Имено, колку што ме држи паметењето, а добро паметам, повеќето експонирани креатори и подржувачи на преродбата, без разлика дали станува збор за квазиексперти, квазианалитичари, квазиновинари или квазиполитичари, само до пред седум-осум години или немаа никакви или возеа просечни автомобили, скоро и да не располагаа со некој завиден недвижен имот, а богами и нивната гардероба не беше нешто посебно. Но, види богати, во изминативе неколку години на луѓето им тргна, па така сега повеќето од нив имаат се она што претходно немаа, а богами некои од нив ниту можеа да сонуваат да го имаат. Токму затоа и не сум изненаден од интензитетот на континуираната ефтина политичка пропаганда со која се бомбардираат граѓаните, а не сум изненаден ниту од црната кампања која во континуитет е насочена кон оние што не припаѓаат во нивното јато. Меѓутоа, непријатно сум изненаден од ниското ниво на фабрикување на податоците и проѕирните смешни обиди колапсот на аграрот да се прикажува како успех од епски размери. Изненаден сум од дрскоста на преродбениците, кои на граѓаните на Македонија во континуитет им пласираат лаги и дезинформации и се обидуваат црното да го прикажат како бело, по принципот трипати повторена лага станува непобитна вистина.

Но, ајде работава да ја погледнеме од друга страна. Можда оваа господа верува во она што го говори. Чекај, чекај, па ако се има предвид образовното ниво на повеќето фронтмени на преродбата и нивните слепи послушници, олицетворени во бројните квазиновинари, квазиексперти и квазианалитичари тоа и не е така далеку од вистината. Исто така, не е далеку од вистината дека овие спин-мајстори во животот не биле на нива и не знаат што е тоа земјоделие. Оттука и не ме чуди нивниот резон, но непријатно сум изненаден од молкот и сервилноста на лицата кои за себе тврдат дека се стручњаци за агроекономија, а богами би требало да се. Имено, оваа господа со години држи настава на катедрите за агроекономија, со години реализира некакви проекти за што добива не така мали хонорари, а едноставно не успеала да види дека аграрот во континуитет пропаѓа. Како е тоа можно? Дали нивното образовно ниво е толку мало, што не се во состојба да направат елементарна анализа, или пак во прашање е нешто друго? Како и да е, и во едниот и во другиот случај Господ да ни е на помош со ваква аграрна политика и со вакви експерти!

Д-р Самоил Малчески

Поврзани новости